Ноле, Рафа и Роџер како најдобри другари - погледнете како најголемите светски асови се забавувале пловејќи по Темза

Супермен

08/11/2019

18:37

4.736

Големина на фонт

а а а

АТП финале, завршен турнир на сезоната, почнува во недела. Два ден пред стартот на турнирот во Лондон учесниците се дружеле, се возеле со брод по реката Темза и уживале.

Попатно морале да ги направат вообичаените формалности меѓу кои било и заедничкото фотографирање.

Дружењето на осумте најдобри тенисери за 2019-та година било многу интересно. Насмевките биле присутни на сите страни.

Сепак најголем број на коментари на социјалните мрежи предизвикала фотографијата на Ѓоковиќ со Стефанос Циципас и Александар Зверевим. Луѓето претпоставувале за што би можело да разговараат кога Ноле направил таква непријатна поза како да им се правда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk