Мал подарок од владата за народот: Земјата која е во рецесија и под санкции откри огромно нафтено поле!

Точка

11/11/2019

08:36

4.497

Големина на фонт

а а а

„Мал подарок од владата за народот“ - со овие зборови иранскиот претседател Хасан Рохани вчера откри дека во нивната земја е откриено ново нафтено поле.

Новото нафтено поле се проценува дека дури за една третина ќе ги зголеми нафтените резерви на Иран, а Рохани порача дека тоа е добра вест за Иран кој инаку се соочува со жестоки економски санкции воведени од страна на Соединетите Американски Држави.

„Откривме наоѓалиште на нафта кое, како што се проценува, содржи околу 53 милијарди барели нафта“, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани на општо воодушевување на целата нација.


Кон крајот на 2018-та година иранските државни резерви на нафта изнесуваа 155,6 милијарди барели. Ова е бројка која беше објавена во најновиот број на „Статистичките прегледи на светските енергетски залихи“ кој го објави групацијата „БП“.

Иран така го зазеде четвртото место во светот и се наоѓа веднаш за Венецуела, Саудиска Арабија и Канада.

Наоѓалиштето е широко 2,400 километри квадратни, а длабоко 80 метри. Се протега од Бостан до Омиди, два градови на југозападот на иранската провинција Хузестан, откри иранскиот претседател Хасан Рохани.


„Ова е мал подарок од владата за народот“, изјави Рохани, додека неговата земја истовремено се соочува со жестоки економски санкции воведени од страна на Вашингтон во 2018-та година, а земјата исто така е погодена од сериозна економска криза и рецесија.

Се очекува иранскиот БДП оваа година да падне за 9,5%, неодамна соопштија од Меѓународниот монетарен фонд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг