Војската му се закани, па поднесе оставка после 14 години на власт: Граѓаните слават, една земја му нуди азил...

Точка

11/11/2019

09:17

3.237

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Боливија под притисок на војската и повеќенеделните протести поднесе оставка после речиси 14 години на власт, најдолго од сите лидери во Јужна Америка.

Протестите и немирите во Боливија започнаа после одржувањето на претседателските избори кон крајот на октомври на кои Моралес победи, но опозицијата го обвини за изборен фалсификат. Во нередите беа убиени три лица, а над 300 беа повредени. После објавата дека се повлекува, ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да слават.

„Поднесувам оставка за нашите браќа и сестри, државните службеници да не бидат на мета на напади и закани“, изјави Моралес во неговото емотивно обраќање кое беше емитувано на социјалните мрежи.

Сега веќе поранешниот боливиски претседател, порача дека станува збор за државен удар: „Браќа и сестри, сакам да ви кажам дека со ова нашата борба не завршува, ќе продолжиме да се бориме за еднаквост и мир. Сега наша должност е да ја смириме ситуацијата“.

Претходно командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијамс Калиман соопшти дека боливиската армија му сугериарла на Моралес да поднесе оставка со цел да се обезбеди стабилност во земјата, а тоа го побараа од опозицијата и синдикатите. Вооружените сили на Боливија исто така соопштија дека се наредени копнени и воздушни операции за „неутрализирање“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законите.


Мексико против воениот пуч, Венецуела со осуда

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард изјави дека неговата земја не ја прифаќа воената операција и дека не смее да дојде до пуч во Боливија.

„Не го прифаќаме тоа, тоа е слично на трагедиите кои ја облеаа во крв нашата Јужна Америка минатиот век. Мексико ќе остане на својот став дека ја почитува демократијата и институциите“, порача шефот на мексиканската дипломатија.


Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата земја „го препознава одговорниот однос на претседателот Моралес кој поднесе оставка наместо да ја изложи земјата на насилства“ и додаде дека Мексико ќе му понуди азил на Моралес.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го осуди пучот против својот сојузник Моралес: „Категорично го осудуваме пучот против нашиот братски претседател“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг