Контра за Маркон, 4 земји го возвраќаат ударот: Францускиот претседател ставил вето на проширувањето на Унијата, а овие членки сега се побуниле

Точка

11/11/2019

10:28

5.679

Големина на фонт

а а а

Франција под изговор дека ЕУ треба прво да се реформира, а потоа да продолжи со проширувањето, неодамна била означена како виновник за неотпочнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Иако конкретните желби и чекори Франција треба да ги објави на пролет следната година, некои држави не сакаат толку да се чека и проширувањето да оди во втор план. 

Затоа четири членки на ЕУ, Италија, Полска, Австрија и Чешка, побарале оваа дебата да продолжи веќе во текот на овој месец, поточно на следниот Совет на министри кој би требало да се одржи на 19-ти ноември.

Нивната идеја е да се покаже дека Унијата не му го завртела грбот на Западен Балкан, но и тоа да биде начин колку-толку да се измие горчливиот вкус кој го оставила таа одлука минатиот месец, која со право ја разбеснила Албанија, но пред се Македонија, која направи се што се бараше од неа за да го започне процесот на преговори.

Покрај овие четири земји и останатите се во главно согласни дека разговорите треба да продолжат, а тој состанок би можел да се сфати како притисок за Франција дека мора да се разговара, ако не и да се исправи оваа, како што некои ја нарекле, историска грешка.

На состанокот би требало да се искристализираат работите, а постои можност за истите прашања да се разговара и на ниво на лидери на Самитот на ЕУ кон средината на декември во Брисел.

Иако е се, барем засега, во доменот на неофицијалните информации, еден од предлозите кога станува збор за проширувањето кој Франција би можела да го даде, е на земјите кандидати да им се даде можност да ги користат поволностите на Унијата.

Се зборува и за тоа дека земјите, ако ги исполнат условите во одредени области, би можеле да седнат на истата, европска маса, учествувајќи во договори, но без одлучување. Постојат и шпекулации дека процесот на одлучување во ЕУ би можел да биде променет во перспектива, односно некои одлуки да се носат со консензус, е на како досега, така што сите земји ќе мора да се согласат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг