Чиракот кој за малку ќе ја спречел Втората светска војна: Хитлер го спасило невремето и 13 минути...

Точка

11/11/2019

11:01

6.494

Големина на фонт

а а а

„Сакав со своето дело да спречам пролевање на крв“, им рекол на припадниците на Гестапо, малку познатиот Јохан Георг Елсер.

Двајца гранични полицајци во Костанц на 8-ми ноември 1939-та година околу 20:45 минути уапсиле еден човек кој сакал да ја премине германско-швајцарската граница. Тие кај уапсениот столарски чирак Јохан Георг Елсер пронашле комунистички значки, делови од детонатор за темпиран експлозив и разгледница од пивницата Бургербраукелер во Минхен.

Половина час после апсењето експлодирала бомба во пивницата од разгледницата и убила осум лица. Таму само 13 минути претходно се наоѓал Адолф Хитлер за кого била наменета бомбата.

Бомбата во пивницата ја поставил токму Елсер. Тој денес, покрај официрот Клаус Шенк Фон Стауфенберг е најпознатиот човек кој се обидел да го убие Хитлер. Откако во 2011-та година му беше подигнат споменик во Берлин, оваа седмица доби уште еден - во неговото родно место Хермаринген кај Улм, 74 години откако Нацистите го убија во концентрациониот логор во Дахау.


Долго по завршувањето на Втората светска војна, името на Елсер било непознато, а дури постоеле и теории на заговор според кои неуспешниот атентат бил извршен по налог на нацистичкиот режим со цел германските граѓани да му дадат поголема поддршка на Хитлер. Од друга страна, Нацистите тврделе дека Елсер бил „оружје на британската тајна служба“.

Во 1969-та година беа објавени записниците на Гестапо од сослушувањето во кои е забележана изјавата на Елсер: „Никој не ме поттикна и никој во тој смисол не влијаеше на мене“.

Елсер објаснил дека долго ја преиспитувал својата совест двоумејќи се дали неговото дело било оправдано и заклучил дека тоа „не е грев во смисол на протестантското учење“.

„Сакав со своето дело да спречам уште поголеми крвопролевања“, го објаснил Елсер својот мотив.


Тој одлуката за извршување на атентатот ја донел во септември 1938-ма година, после случувањето на Договорот од Минхен со кој Хитлер го окупирал подрачјето на Чехословачка кое било населено претежно од германско население. За Елсер било јасно дека диктаторот сака војна.

Во познатата пивница Бургербраукелер нацистите секоја вечер во пресрет на 9-ти ноември одбележувале годишнина од неуспешниот пуч на Хитлер во 1923-та година. Елсер своето дело долго време го планирал. Тој подготвувајќи се за атентатот бил на вечера во пивницата повеќе од 30 пати.

Секогаш пред затворањето се криел и во ноќите зад говорницата правел дупка каде што ја поставил бомбата. Експлозијата ја темпирал за во 21:20, односно во периодот кога Хитлер требало да го држи својот повеќечасовен говор.

Но, диктаторот пивницата ја напуштил 13 минути порано од планираното. Имено, поради лошото време во Берлин не можеле да слетуваат авионите, па Хитлер за главниот град одлучил да отпатува со воз.

Елсер откако бил фатен, најпрвин бил испратен во концентрациониот логор Сахсенхаузен, а подоцна префрлен во Дахау. Хитлер наредил негова егзекуција на 9-ти април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг