Синиша Михајловиќ повторно во болница – следат шест пресудни недели, а овој дел е најважен и најчувствителен

Супермен

11/11/2019

13:38

1.626

Големина на фонт

а а а

Пред тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е еден клучен период во неговата борба со акутната леукемија.

Како што пишуваат од “Кориере ди Болоња“, српскиот експерт се вратил во болница на клучниот дел од неговото лечење – третата фаза од хемотерапијата. Миха моментално се наоѓа во болницата “Света Урсула“.

„Ова е најчувствителниот и најважниот дел за неговот лечење“ – открива овој локален дневен весник и додава дека тоа е причината поради која Синиша нема да може физички да биде присутен во својата екипа.


Синиша Михалјовиќ двапати бил во болница за да прима хемотерапија, а сега пред него стои уште еден циклус.

Тој би требало да се задржи околу шест недели во болница поради што нема да може да ја води Болоња од лице место туку наместо него тоа ќе го прават членовите од неговиот стручен штаб.


Болоња по солидниот старт на сезоната во последните три кола забележа три порази и опасно ѝ се заканува зоната на испаѓање, бидејќи последниот тим под црвената линија Сампдорија има само три поени помалку од неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk