На Флорида уапсени вработени во „Disney“, биле дел од ланец за детска порнографија

Точка

11/11/2019

17:48

2.718

Големина на фонт

а а а

За време на полициската операција за апсење на кругот што се занимавал со дистрибуција и набавка на детска порнографија на Флорида, уапсени се 17 лица, вклучувајќи 2-ца вработени во Дизни.

Еден од обвинетите е уапсен додека се обидувал да запознае дете, за од него да добие сексуални услуги, соопштил во петокот Греди Џуд, шеф на полицијата.

Двајца други мажи се уапсени додека се обидувале преку Фејсбук и Снепчет од две тинејџерки да добијат нивни голи фотографии. Еден од обвинетите рекол дека доколку не гледа детска порнографија, ќе почне сексуално да злоставува малолетнички, пренесува „NBC News“.

Меѓу уапсените се и Брет Кини (40) од Флорида, кој работел како водител во одделот за комуникација со гостите во Disney World, и Доналд Дур (52), кој работел во одделот за помош во одморалиштето на Дизни.

Кини е уапсен кон средината на октомври под сомнеж дека поседува детска порнографија. На полицијата ѝ рекол дека 22 години гледа детска порнографија и дека знае дека тоа е погрешно, незаконско и неморално, но дека не може да запре.

Полицијата вели дека Дур се опишал себеси како „перверзник, но не и како чудовиште“. Во неговиот таблет биле пронајдени три фотографии од детска порнографија.

Компанијата Дизни за „NBC News“ рекла дека Кини повеќе не работи кај нив, а дека Дур е на неплатен одмор.

Меѓу осомничените е и Вилијам Хејџ (76), кој пред да се пензионира бил помошник директор во средно училиште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг