Сите се прашуваат истото – зошто го облекла ова?: Ева Мендез во катастрофално модно издание

Точка

11/11/2019

18:57

3.950

Големина на фонт

а а а

Откако стана мајка, една од најубавите актерки во Холивуд ретко се појавува во јавноста и прави пауза од гламурот и црвениот тепих, а многумина велат дека очигледно го изгубила и чувството за мода.

Сепак, пред неколку денови папараците ја забележале убавата Ева (45) на пат кон некој ресторан со пријател кој е непознат на јавноста, а може да се каже дека славната убавица се потрудила да изгледа убаво. Таа избрала мини фустан со интересен дезен, но тоа е само дел од приказната за нејзиниот стајлинг.


Ѕвездата на голем број од холивудските блокбастери носела фустан со леопардски принт и тоа во црвена боја. Како тоа самото по себе да не е доволно, големото модно не го добила поради беспотребниот црн ремен како и црните хулахопки за кои модните експерти велат дека никогаш не се носат со таков фустан.


Сепак, најголеми критики добила за сандалите кои беа во мода пред десетина години, а денес не треба да имаат место во ниту еден гардеробер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг