Тајкун фатен со 49 години помлада девојка: Кога ќе ја видите без пешкир ќе сфатите зошто полудел по неа

Супермен

12/11/2019

23:15

10.548

Големина на фонт

а а а

Милионерот Флавио Бријаторе (69) фотографиран е додека страсно ја бакнува новата девојка Бенадета Боси!

Станува збор за студентка по право од Милано која има 20 години и е една од многуте кои успеале да го шармираат славниот заводник и да го однесе во кревет.

Тие двајца се фотографирани на луксузен одмор во Кенија, а нивните фотографии ги преплавија светските медиуми. На фотографијата на која се бакнуваат, Бенадета на себе има пешкир, додека богаташот е едноставно облечен - сини кратки панталони и црна маица.


Меѓутоа, подоцна Бенадета се прошетала во сериозно жешко бикини, па многу е очигледно зошто Флавио полудел по неа.

Станува збор за полу-танга, а убавицата во раце држела маска за нуркање - едно од нејзините најголеми страсти.


Флавио, некогашниот прв човек на тимот Рено во Формула 1, оваа убавица ја запознал на една миланска модна ревија, бидејќи и самата се занимава со манекенство, иако сè уште не се прославила.

Инаку, Флавио излегувал со некои од најубавите жени на светот, како што се Хајди Клум, Наоми Кембл, Елизабета Грегорачи...

Од Елизабета се развел минатата година, после 9 години брак, а заедно го имаат синот Фалк.


Интересно е тоа што Флавио има ќерка со Хајди Клум, а девојчето Лени (15), го запознал дури минатото лето.

Манекенката и италијанскиот бизнисмен раскинале во 2004-та година, пред да се роди Лени, па Хајди го израснала детето со нејзиниот поранешен сопруг Сил, која дури ја посвоил ќерката на Флавио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk