Науката пресуди - ова се најубавите автомобили за минатата деценија

Точка

13/11/2019

13:05

4.069

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме дека убавината е во окото на набљудувачот, па дефинитивни судови за естетските вредности на автомобилите е неблагодарно да се носат - освен ако не се вмеша науката.

Затоа британски "Carwow" одлучил со помош на математички критериуми да утврди кои се најубавите автомобили во изминатата деценија. На популарните автомобили бил применет таканаречениот "златен пресек", за кој уште древните Грци тврделе дека е услов за физичко совршенство и го забележувале насекаде во природата. 

Според тој критериум, најубавиот автомобил минатата деценија е - Smart ForTwo Cabrio од 2016-та година, бидејќи неговото поклопување со "златниот пресек" е дури 98,83%.

Во првите 5 влегле уште Volkswagen UP од 2011-та, (98,62), Opel Mokka од 2016-та (98,57), Toyota Corolla од 2019-та (98,56) и Nissan Micra од 2013-та година (98,55)

Доколку се прашувате каде се на оваа листа суперавтомобилите како Lamborghini, тие се на самото дно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг