Била неговата најголема љубов: Здравко Чолиќ неа ѝ ја посветил “Noć mi te duguje“

Супермен

13/11/2019

18:44

7.397

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите балкански музички ѕвезди, Здравко Чолиќ веќе две децении е во среќен брак со сопругата Александра која избегнува да се појавува во јавноста. Таа исто така ретко дава изјави за медиумите.

Меѓутоа, она што е добро познато е бурниот љубовен живот на Чола. Според зборовите на многумина кои се дружеле со него, жените секогаш му се додворувале нему, му провалувале во хотелските соби каде што престојувал, а градниците кои му ги фрлале на концертите престабал да ги брои.

Чола за медиумите има откриено како ја загубил својата невиност, но за неговата прва љубов Јасна Орнела Бери ретко зборува. Сепак деталите од нивниот однос ги открила токму таа и раскажала дека се заљубиле еден во друг уште кога биле млади, во Сараево.


„Секогаш ќе биде дел од моето срце“ - изјавила Јасна во една емисија.

Таа во времето кога се забавувала со Чола била една од најубавите сараевски девојки, а публиката ширум регионот ја знае како ѕвезда од филмовите “На пат“, “Нафака“ и “Во земјата на крвта и медот“ кој го режирала Анџелина Џоли.

„Првпат по војната се сретнавме во Белград, беше тоа многу емотивна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност. Пред сè, добар човек. Чола ми ја посвети песната “Noć mi te duguje“ која ја напиша сам“ - изјавила Јасна.


„Не можам да кажам дека ние се забавувавме или пак бевме во врска. Тоа беше посебен однос кој и денес трае. Тоа и понатаму е љубов која не можете да ја помилувате и да ја држите во рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј или ничиј“ - вели поранешната љубов која и понатаму има силни емоции кон популарниот пејач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk