Огнената топка на небото ги запрепастила Американците: Метеор од 100 килограми направил експлозија со која го пробил звучниот ѕид

Точка

13/11/2019

19:18

2.543

Големина на фонт

а а а

Камениот метеор тежок 100 килограми бил забележан над небото на Мисури и го пробил звучниот ѕид. НАСА вели дека метеорот, кој блескал над Сент Луис се одвоил од Појасот на астероиди помеѓу Марс и Јупитер и така стигнал до Земјата.

Иако тежок 100 килограми бил со големина на топка за кошарка, велат астрономите.

Локалните медиуми известуваат дека експертите со помош на пријава од очевидците на Јужна Дакота и Минесота направиле снимки за да го реконстуираат движењето на метеорот.

##https://twitter.com/Breaking911/status/1194104782014865419##

Утврдиле дека во понеделникот навечер метеорот се движел со брзина од 53.910 километри на час со што предизвикал силен звук на експлозија и пробивање на звучниот ѕид.

НАСА со помош на снимките од сателитот измерила дека метеорот како огнена топка на небото бил посјаен и од најсјајниот ноќен објект.

Нил Коук од НАСА, во Ханствил Алабама изјавил дека метеорот се распаднал на парчиња на 19.3 километри над Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг