Македонска џихадистка бара да се врати дома: Не се седи тука, многу е студено

Точка

14/11/2019

23:12

23.177

Големина на фонт

а а а

Новинарска екипа на албанската телевизија „А2“ го посети кампот Ал Хол во Сирија каде што живеат илјадници жени и деца на борци на озлогласената терористичка организација Исламска држава.

Во кампот Ал Хол кој се наоѓа во близина на сириско-ирачката граница, живеат илјадници жени-џихадистки заедно со своите деца, кои што се сместени тука после крахот на Исламската држава.

Тие иако свесно отпатувале во Сирија со своите деца, практикувале радикален Ислам и ги поддржувале ѕверствата на нивните сопрузи кои го шокираа светот, сега бараат да се вратат назад во своите домови затоа што во кампот условите за живеење не биле добри.

Новинарот на „А2“, Ревајет Шахини во кампот пронајде жена со потекло од Македонија која заедно со своите деца отпатувала на Блискиот исток да ѝ служи на Исламската држава. Таа бара македонските власти сега да ѝ помогнат да се врати дома.

Жената на новинарот му откри дека во Сирија пристигнала пред шест години и сега сака да се врати во Македонија затоа што условите таму биле лоши и на зима било многу студено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг