Мистериозен остров на кој мечките започнале да ја менуваат бојата, научниците не знаат што е причината

Точка

14/11/2019

19:32

4.726

Големина на фонт

а а а

Истражувањата покажуваат дека една од 10 кафеави мечки на рускиот остров Кунашир има крзно со бела и сребрена боја.

Некои единки на овој вулкански остров во Курилскиот архипелаг во областа Сахалин имаат само посветла глава, додека промената на бојата на другите е присутна по целото тело.

 

Истражувачите велат дека бројот на тие мечки расте од ден за ден, а причината за генетската мутација сè уште претставува голема мистерија. Кунашир е премногу оддалечен од арктичкиот круг на кој се населени поларните мечки за тоа да влијае на оваа појава, иако кафеавите мечки започнале исклучително да личат на нив.


Некои експерти веруваат дека мутацијата се должи на парењето на единки во блиско сродство. Кунашир е инаку многу изолиран остров од останатите руски територии, како и од поголемиот број на преостанати единки мечки. Островот зафаќа површина од околу 1.490 квадратни километри и во моментов брои вкупно 160 мечки.

Албино единките се реткост во животинскиот свет, а недостатокот на меланин во однос на останатите од видот ги прави лесен плен. Но, за среќа албино мечките на Кунашир не се загрозени од други животни бидејќи се најголеми предатори на островот и токму затоа имаат слобода да растат и да се размножуваат.


Исто така, научниците забележале дека белите мечки од Кунашир не се толку агресивни како нивните руски роднини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг