Мајката на Пино: Моето дете го закопав во кутија од 58 сантиметри, го убиле и го оставиле животни да го јадат

Макфакс

15/11/2019

11:55

9.915

Големина на фонт

а а а

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето дете го закопав во кутија од 58 сантиметри, на 27-28 сантиметри широчина. Тоа не е тело, тоа се коски, ова го изјави мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска.

Мајката изреволтирана од одлагањето на денешното судење, рече дека и’ е срам што е Македонка и што шест месеци додека обвинетата седела дома, таа одела и плачела по улици.

„Зошто да трошиме државни пари да ја судиме, кога таа самата призна вина? Го убиле, го оставиле животни да го јадат“, рече Трпковска.

Мајката на Пино кажа дека е свесна оти што и да се случи нејзиното дете нема да се врати.

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите.

Убиството на Пино се случи на 11 декември 2018 година. Кобната вечер обвинетата Ангела го намамила Пино да дојде кај насипот во населбата Ѓорче Петров.

Кога пристигнал, таму бил веќе дојден осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото „опел аскона“ и со „шкодата“ на Пино се упатиле преку обиколница до Арачиново.

Таму застанале во нива и првин се карале по што започнала тепачка, а во еден момент Фуркан со пушката го застрелал Пино во главата.

Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска, со месеци трагаше по синот, а скелетот беше случајно пронајден на крајот на април годинава. Осомничениот Фуркан е во бегство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг