На Инстаграм веќе го следат над 2 милиони луѓе, а има само 22 години и за него поддеднакво знаат да се “борат“ и девојките, но и гигантите на светскиот фудбал.
Клубовите од Манчестер, Јунајдед и Сити се приклучуваат кон Барселона во трката за најбараниот фудбалер на Интер, Лаутаро Мартинез, пишуваат од “Mirror“.
Градските ривали бараат засилување во нападот, а првиот избор им е Аргентинецот кој оваа сезона игра во одлична форма.
Мартинез има откупна клаузула од 120 милиони евра, но на лето, а Интер сака да му понуди нов договор без излезна опција.
Проблем им претставува и интересирањето на Барселона на која Мартинез неодамна ѝ даде гол на Камп Ноу и со својот одигран натпревар ги воодушеви челниците на каталонскиот клуб.
Мартинез, во Серија А оваа година постигна 5 голови.