Со “Зад хоризонтот” со Летиција Каста се затвора 18-тото издание на Синедејс

Точка

15/11/2019

16:39

1.314

Големина на фонт

а а а

Со доделување на наградите и проекција на француско-швајцарскиот филм “Зад хоризонтот” вечерва ќе биде затворeно 18-тото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм “Синедејс”.

“Зад хоризонтот”, во кој главната улога го има францускиот супермодел Летиција Каста, ќе ја има својата премиера во киното Милениум со почеток од 20 часот. 

“Лето, 1976 година. Европа поминува низ безмилосен топлотен бран и една од најлошите суши во историјата. На фармата на неговите родители, Гас (13), летниот распуст го поминува во читање стрипови, помагање на татко му, кој сета своја заштеда ја има вложено во современ кокошарник, и во игра со Мадо, дивото дете од селото. Но полека околу него, неговиот спокоен и познат универзум почнува да попушта под жештината… Мајка му, секогаш нежна и грижлива, почнува да поминува сѐ повеќе време со убавата Сесил, додека татко му е принуден сам да се справува со разорните последици на сушата. Гледајќи го уништувањето на неговото семејство, традиционалното земјоделство и патријархатот, Гас е принуден да порасне побрзо и да ја остави невиноста на детството зад себе…”, стои во описот на филмот.

“Зад хоризонтот” се снимаше во текот на јули и август 2018 година во неколку битолски села, како и во Белгија.

Во рамките на придружната програма во 23 часот на “Синемјузик” во МКЦ, диџеј-сет ќе имаат Филип Пајдаков и Џано Куч – FilDzan.



Спонзорирани линкови

Маркетинг