Северна Кореја го нарекла поранешниот американски потпретседател Џо Бајден "бесно куче", кое треба со "стап да се претепа до смрт".
Со тоа, оценува AP, е продолжена хајката на политички лидери кои таа земја ги смета за непријателски настроени кон раководството на Пјонгјанг.
Во коментарот на државната агенција "KCNA" се наведува дека Бајден, кој учествува во трката за претседателските избори во САД, "намотал жица од ѓубре против достоинството на највисоките севернокорејски службеници, што заслужува немилосрдна казна".
North Korea calls former U.S. vice President Joe Biden a “rabid dog” that “must be beaten to death with a stick” in its latest swipe against foreign and political leaders it sees as hostile to the North’s leadership. https://t.co/NNQFWx5aq0
— The Associated Press (@AP) November 15, 2019
Бајден во текстот се споменува само по презиме, и тоа како потпретседател на САД во времето на Обама.
Северна Кореја во мај го означила Бајден како "будала со низок коефициент на интелигенција", откако тој во еден говор го нарекол Ким Јонг Ун тиранин.
"Секој што се осудува да навреди достоинството на врховното водство на Демократската Народна Република Кореја, никогаш нема да избегне немилосрдна казна", наведува севернокорејската агенција.
Во текстот се додава дека "бесните кучиња" како што е Бајден можат да повредат многу луѓе, ако им се дозволи слободна да трчаат.
"Тие мора да бидат претепани до смрт пред да биде доцна", истакнува KCNA.
AP наведува дека не е јасно кој од коментарите на Бајден предизвикал бес кај Северна Кореја.
Пјонгјанг често навредува странски лидери и политичари поради тоа што го гледа како клеветнички изјави за своите лидери или непријателска политика кон властите, наведува "AP". Така жртви на расистички и сексистички навреди биле поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, првата жена на функција претседател на таа земја.