Северина: „Син ми веќе еден месец не сака да оди во училиште“

Точка

15/11/2019

22:05

4.682

Големина на фонт

а а а

Откако во јавноста излезе со тврдења дека учителките во училиште го злоставувале нејзиниот син Александар, Северина признава дека тој и еден месец подоцна не сака да оди во училиште.

„Последната ситуација со Александар е голем проблем со училиштето во кое психички и физички ми го малтретираа детето. Син ми не оди во училиште веќе еден месец. Александар сам изрази желба да не оди во училиште, бидејќи за него тоа беше исклучително тешка и стресна ситуација. Сакам тоа да се знае и да се слушне дека нема да застанам. И се разбира - ќе го префрлам во друго училиште“, раскажала пејачката за локалните медиуми.


Зборувала и за конфликтот со таткото на детето, Милан Поповиќ, за кој и претходно тврдеше дека имал некаков договор со директорката на училиштето.

„Тоа може да се нарече борба, но не би го нарекла така. Тоа е нормална работа и став на секој човек, мајка и родител, да не сака некој да си поигрува со детето, па дури и да му е татко. Секако дека постојат и прекрасни и чесни луѓе, но исто така има и такви кои се злобни и тоа не е само мој проблем, тоа е проблем на многу мајки кои ми се јавуваат“, заклучува Северина. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг