Најжестокото момче во поранешна Југославија кој бил “страв и трепет“ за противниците - само со него и со Тито никој не смеел да влезе во конфликт

Супермен

16/11/2019

14:30

8.565

Големина на фонт

а а а

На денешен ден 1948-та година е роден, според многумина, најдобриот спортист во поранешна Југославија - легендарниот боксер Мате Парлов.

Боксот бил неговиот живот. На 16 години почнал да тренира во БК “Пула“ и по три години ја освоил титулата првак на Југославија во полутешка категорија.

Токму тогаш почнала неговата блескава кариера. Првиот поголем успех на меѓународна сцена го направил во 1969-та годија кога во Букурешт станал вицешампион на Европа. Две години подоцна во Мадрид освоил златен медал, а во 1973-та година во Белград ја одбранил титулата за најдобар Европјанин во полутешка категорија.

На Олимписките игри во Минхен во 1972-та година Парлов освоил злато во незаборавното финале против Кубанецот Кариља. Во овој спектакуларен натпревар двајцата ривали завршиле на под. Натпреварот бил прекинат во втората рунда кога Кубанецот по четврти пат се нашол во нокдаун.

Доминацијата во полутешка категорија Парлов ја потврдил и во Хавана во 1974-та година кога ја освоил титулата за аматерски првак на светот во полутешка категорија. По завршувањето на аматерската кариера тој заблескал меѓу професионалците.


Продолжил во свој стил и на 10-ти јули 1976-та година во незаборавниот натпревар на “Маракана“ го совладал Италијанецот Доминик Адинолфи и ја освоил титулата за професионален првак на Европа во полутешка категорија. Две години подоцна Парлов станал и светски шампион совладувајќи го Аргентинецот Мигел Анхел Куељо со нокаут во 9-та рунда.

Парлов останал запомнет како еден од најдобрите спортисти на поранешна Југославија на 20-от век.

Осум пати бил првак на Југославија, пет пати првак на Балканот, два пати светски првак и еднаш европски првак, а освоил и златен медал на Олимписките игри во Минхен во 1972-та година.

Како аматер Парлов имал 310 борби од кои само 13 порази. Во професионалната кариера, во 29 натпревари забележал 24 победи, три порази и два реми.

Југофилите често истакнуваат дека во поранешна Југославија имало двајца луѓе со кои не сте смееле да си замерувате - Тито и Мате.

Парлов бил најсилниот Југословен. Мажите му се восхитувале, го имитирале, а жените му се додворувале.

Бил најдобар на свет. На врвот од својата кариера бил непобедлив, а оние кои се занимавале со боречки вештини знаеле дека не би можеле да се борат ниту една секунда со шампионот.

„Никогаш не сум бил агресивен, но бев жесток. Не сум се тепал од основно училиште ниту пак имав проблеми надвор од рингот. Не ги ни барав. Имаше секакви ископлексирани типови. Сакаа да се докажат на човекот кој има освоено неколку титули. Но, тоа го избегнував“ - зборувал Мате Парлов.

Бил вљубеник во поезијата, напамет знаел стотина песни, народни песни и го обожувал Белград.

„Белград е градок кој секогаш ќе го сакам. Тука ја поминав мојата младост“ - зборувал Мате.

Парлов починал на 29-ти јули 2008-та година. По тешката и кратка болест починал во болница во Пула на своја 60-годишна возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk