Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Макфакс

16/11/2019

14:35

4.254

Големина на фонт

а а а

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран.

Како што информираат од полицијата, изутринава во 7.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48) од Скопје и Б.М.(35) од Скопско, кои се здобиле со повреди на работно место во „Макстил“.

„Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување. На терен постапува Државен трудов инспектор“, информираат од МВР.


„Макстил“ го потврди инцидентот што се случи денеска рано наутро

„Утринава во 6:50 часот во погонот Челичарница на Макстил при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот, соопштуваат од компанијата.

- При тоа се повредени четворица вработени кои се соодветно медицински згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор.

Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на Макстил и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините, информираат од „Макстил“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг