Конечно добри вести за Венеција: Нивото на водата се намалува, училиштата се отвораат, но остатокот од Италија...

Точка

18/11/2019

09:03

2.164

Големина на фонт

а а а

После катастрофалните поплави кои ја погодија Венеција и предизвикаа огромна материјална штета, се чини дека конечно пристигнуваат добри вести за градот на северот на Италија.

Конечно ситуацијата во популарниот туристички град ќе се подобри после неколкуте денови големи поплави – според прогнозите, нивото на водата ќе се спушти и се очекува училиштата денес да ги отворат своите врати, соопштија градските власти.

Меѓутоа, за другите делови од државата прогнозата и натаму е лоша. Италијанската цивилна заштита предупреди на нови поплави во текот на оваа седмица, а тоа посебно се однесува на регионите Тоскана и Емилија-Ромања, поточно во околината на Болоња.

Околу 70% од територијата на Венеција беше поплавена деновиве, а во текот на вчерашниот ден во некои делови од градот, како што соопшти градоначалникот на градот, нивото на водата се искачи на 150 сантиметри.

Плоштадот Свети Марко, најниската точка во градот беше поплавен и затворен за туристи, а градот под заштита на УНЕСКО беше погоден од трета поплава за помалку од една седмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг