200 телефони за еден час: Роботот Дејзи е вистинска “смрт за iPhone”

Супермен

18/11/2019

11:29

2.269

Големина на фонт

а а а

Дејзи е робот на компанијата Apple, конструиран за рециклирање на стари iPhone уреди, за драгоцените материјали кои можат да се рециклираат, повторно да се вратат во производство.

Роботот е оспособен да извлекува компоненти од девет различни iPhone модели, а успешен е таму каде традиционалните начини на рециклирање не биле, што влијае целиот процес да биде далеку поефикасен. 

Дејзи може да расклопи 200 телефони за еден час, што е брзина која не може да се мери со ниту еден претходен модел, пишува “Mashable”.


Рециклирањето е пред сè пријателски настроено кон планетата Земја, но и кон компаниите на кои на крајот им носи профит.

Извлекувањето на компонентите од уредите кои корисниците ги предаваат му заштедува пари на произведувачот, но и ресурси кои и онака се во сè помал број, пренесува “PC Press”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk