Прекрасната манекенка го изговорила судбоносното “да”: Ангелот на Викторија блескал во венчаница од тантела

Кармин

18/11/2019

12:23

4.725

Големина на фонт

а а а

25-годишниот супермодел и манекенка на Викторија Сикрет, Девон Виндзор, го изговорила судбоносното “да” пред долгогодишниот партнер Џони Декс на карипскиот остров Свети Вартоломеј.

На раскошната венчавка на убавата американска манекенка присуствувале бројни гости помеѓу кои и моделот Шанина Шајк, реалити ѕвездата Оливија Кулпо и манекенката Џорџија Фаулер. 


Невестата не ја тргнала насмевката од лицето, а сите погледи биле вперени во нејзината венчавница од тантела со потпис на либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад.


Необичниот фустан, изработен од светкава бела тантела и провиден тил ги откривала рамената и ја пратела линијата на струкот и колковите. Како вистинска принцеза, Девон среќно чекорела кон олтарот, додека Декс се определил за бело одело, бела кошула и вратоврска и беж мокасини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk