Фановите тврдат дека Џокер е лоша копија на Чендлер од “Пријатели“! Кога ќе ги видите доказите мозокот ќе ви “експлодира“

Точка

18/11/2019

14:40

4.477

Големина на фонт

а а а

Малкумина се присетиле на Чендлер од “Пријатели“ додека го гледале филмот „Џокер“, но доколку го вратите филмот тоа навистина има смисла.

Целиот свет “полуде“ по филмот Џокер, а веќе со недели се полемизира за секој најситен детаљ.

Сцената во која Хоакин Феникс игра на скалите стана легендарна, а фановите еден важен детаљ го забележале и тврдат дека Џокер е само лоша копија на Чендлер од „Пријатели“.

Дури и на Метју Пери му се допаднала оваа шега па на својот Твитер профил објавил меме на кое изгледа дека Џокер за највпечатливата сцена во филмот ги ископирал неговите движења од кујната.

По објавата на популарнит актер почнале да се нижат шеги и мемиња на кои Џокер и во останатите движења во филмот го копира Чендлер.

„Сè украл од тебе“, се шегуваат фановите, а очигледно е дека Џокер и пуши како Чендлер, се шминка како Чендлер, се фрла по такси автомобилите...



Спонзорирани линкови

Маркетинг