Американците подготвуваат нова привремена дозвола за Huawei?

Точка

18/11/2019

16:25

1.078

Големина на фонт

а а а

Новата привремена дозвола би ѝ овозможила на кинеската компанија нормално да работи, а американските интернет провајдери во руралните средини ќе можат да купуваат телекомуникациска опрема од Huawei.

Откако во мај 2019-та година САД и Кина ја заострија трговската војна, некои кинески компании се најдоа на „црната листа“, а меѓу нив беше и Huawei.

Последиците од трговската војна го погодија кинескиот гигант. Huawei поради тоа мораше да го промени начинот на работа во целиот свет, но иако на почетокот се чинеше дека компанијата ќе добие целосна забрана за соработка со Google и користење на апликациите и сервисите на американскиот гигант, сепак тоа не се случи со таков интензитет.

Според американските медиуми, Huawei наскоро ќе добие привремена дозвола која би траела шест месеци. Новата дозвола ќе им овозможи на Huawei нормална работа, но сепак тоа не значи дека кинескиот гигант целосно ќе биде ослободен од санкциите, па така иднината на некои уреди останува неизвесна.


Дури и ако Huawei добие привремена дозвола за соработка со американските компании од шест месеци, тоа не значи дека новите уреди на Huawei ќе имаат инсталирани сервиси и апликации на Google.

Како и да е, тоа во најмала рака на Huawei ќе им даде уште малку време да го развијат сопствениот оперативен систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг