Емре Џан: Секако дека не сум среќен

Точка

18/11/2019

15:54

1.731

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалер Емре Џан летото 2018-та година пристигна во Јувентус од Ливерпул како слободен фудбалер, но се чини дека направи голема грешка во кариерата.

Џан одби да го продолжи договорот со Ливерпул и се пресели во Јувентус, а во торинскиот клуб со кој има договор до 2022-ра година падна во втор план. Сари оваа сезона практично и воопшто не смета на неговите услуги, а Џан не беше пријавен и на списокот со фудбалери на Јувентус за Лигата на шампионите.

„Јас сум амбициозен и сакам да се натпреварувам на највисоко ниво. Учам во овој тежок период дека работите не се баш секогаш такви какви што сте очекувале. Не сум бил ниту стартер оваа сезона и секако дека не сум среќен. Сепак, нема да дозволам да ме победат. Работам максимално на секој тренинг и ја чекам својата шанса. Враќање во Германија? Во фудбалот се е можно“, изјави Џан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг