"НАТО се распаѓа и тоа го дочекувам со отворени раце"

Точка

18/11/2019

18:17

5.760

Големина на фонт

а а а

Германскиот парламентарец Александер Ној се согласил со изјавата на претседателот Макрон за кризата во НАТО сојузот, додавајќи дека распадот на тој пакт за него е добредојден.

"САД, заедно со Турција, го копаат гробот на НАТО сојузот, поради тоа што го експлоатираат исклучиво за сопствена корист", рекол претставникот на Левата партија Александер Ној. 

"До неодамна, Америка тежнееше исклучиво кон остварување на своите цели, вклучувајќи го тоа што го правеа преку НАТО, а веќе неколку години сме сведоци дека и Турција го следи тој тренд. НАТО се распаѓа и тоа го дочекувам со раширени раце", додал Ној.

Изјавата на Ној уследила речиси една недела откако претседателот на Франција, Емануел Макрон, прогласил мозочна смрт на НАТО, алударајќи на непредвидливоста и неможноста за потпирање на САД, додека на местото претседател е Доналд Трамп, наведува "Sputnik".

Меѓутоа, изјавата на Макрон наишла на критики од германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кои го критикувале претседателот на Франција поради употреба на драстични зборови. Воедно истакнале и дека НАТО треба да остане главен столб на гаранцијата на германската безбедност.

И покрај тоа, изјавата на францускиот претседател повторно го предизвикала бранот започнат минатата година, кога Макрон и Меркел го истакнале значењето на постоење на европска војска независна од САД и НАТО, која би била способна да се брани сама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг