Путин го информирал Макрон дека на Украина и се вратени трите запленети бродови

Макфакс

18/11/2019

18:30

1.610

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Украина, во пресрет на самитот во нормандискиот формат, што, како што се очекува, ќе се оддржи на 9 декември во Париз.

„Владимир Путин го информираше претседателот Макрон дека во водите на Црно море е изведено предавање на три воени бродови на украинската морнарица што биле вмешани во провокации во подрачјето на Керчкиот теснец“,се навдува во соопштението на Кремљ.

Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија и за прашањата на билатералната соработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг