Еден од најпосакуваните мажи повторно е сам: Поранешната девојка го напуштила без објаснување

Точка

18/11/2019

18:48

2.701

Големина на фонт

а а а

Иако се разведоа пред три години, Џони Деп и Амбер Херд уште не ги расчистиле односите.

Славниот актер одлучил да ја тужи Херд поради измама и тоа за износ од 50 милиони долари, но тоа не ја спречило и понатаму јавно да го прозива поради насилство во бракот.

На почетокот на годината на Деп му процветаа ружи на љубовно поле и е фатен во страствена прегратка со непозната убавица во хотел во Белград. Кратко потоа откриено е дека станува збор за руската танчерка Полина Глен, а странските медиуми тогаш тврдеа дека Џони планира да се венча со неа.

Сепак, љубовната среќа не траела долго.

Се чини дека постојаниот притисок врз нејзиниот партнер и животот под лупата на јавноста ѝ здодеал на згодната бринета, па се отселила од нивниот заеднички стан во Лос Анџелес.

Како што наведуваат странските медиуми, Глен одлучила да го остави Деп и да “побегне воглавно без објаснување“ во родниот Санкт Петербург.




Спонзорирани линкови

Маркетинг