“Мажи, ова е вистинската причина зошто жените ве изневеруваат – не е она што очекувате”

Супермен

20/11/2019

11:59

8.322

Големина на фонт

а а а

“Ако сте оженет маж и го читате ова, постои голема шанса вашата сопруга да ве изневерува, а вистинската причина не е таа која би ја очекувале”, вели блогерката и писател Надја Бокоди.

Последното истражување поврзано со неверството дошло до резултат дека дури 15 отсто од жените кои се во брак ги изневеруваат своите сопрузи. 

Надја Бокоди вели дека вистинската цифра, според нејзиното мислење е многу поголема од оваа, иако уште нѝ е тешко да ја “свариме” женската прељуба.

“Кога последен пат зборував за своите неверства, добив и смртни закани, па морав да ги избришам профилите на социјалните мрежи”, вели блогерката.

Вистината е дека бројот на жени кои се неверни пораснал со текот на времето и речиси се изедначил со бројот на мажите.

Последното истражување покажува и дека мажите денес речиси не успеваат да ја почувствуваат женската прељуба бидејќи се водат по мислењето дека жените не трагаат по секс како мажите кога веќе имаат сигурно опкружување.

Но, она што мажите не го сфаќаат е дека и жените уживаат и сакаат секс токму како и нив, ако не и повеќе. Дури 59 отсто од жените во една студија признале дека би сакале повеќе секс во врската отколку што моментално имаат.

Сè додека мажите ја потценуваат женската сексуалност и не ја разбираат, ќе се случуваат неверства во врските, смета Надја.

“Мојот совет до мажите е да се трудат да одржат одредено ниво на сексуална поврзаност со партнерката и секогаш да пронаоѓаат нови начини како да ја направат да се чувствува привлечно и посакувано. Ако вие не го правите тоа, голема е можноста дека ќе се најде некој друг кој ќе го прави тоа”, советува таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk