Драма во Нов Белград: Две лица во Ауди се обиделе да го киднапираат фудбалерот на Фиорентина! Им избегал додека го ставале во багажникот

Точка

20/11/2019

12:49

5.162

Големина на фонт

а а а

Белградската полиција уапсила две лица во Калуџерица под сомнение дека рано утрово, во околу 3 часот, во Нов Белград, поточно на улицата Јуриј Гагарин, се обиделе да го киднапираат младиот фудбалер Алекса Терзиќ.

Според првите и неофицијални информации, станува збор за поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, а сегашен играч на Фиорентина, Алекса Терзиќ. 

Тој вчера не играл за младата репрезентација на Србија во Ниш против Русија.

Како што неофицијално се дознава, прво во сообраќајот дошло до расправија, а потоа и до сообраќајка, кога момчињата во Аудито удриле во BMW-то на младиот фудбалер. Тој во автомобилот бил сам. Засега не е познато дали сообраќајката била исценирана поради киднапирањето, или се започнало поради расправијата за сообраќајката.

Кога фудбалерот излегол од автомобилот, тие се обиделе да го стават во багажникот, но тој успеал да ги совлада и да им побегне.

Двете момчиња потоа му го земале автомобилот и побегнале во Калуџерица, каде набрзо биле и уапсени, откако фудбалерот веднаш се јавил во полиција и пријавил што се случува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг