Ова се топ 10-те компании кои најмногу ги загадуваат океаните: Првата компанија на листата убедливо сите ја сакаме

Точка

20/11/2019

13:05

5.793

Големина на фонт

а а а

Пластиката е дел од нашето секојдневие, а шишињата, сламките, пакувањата за овошје и зеленчук и ќесите во продавниците се чини дека се неизбежни.

Токму поради фактот дека е дел од нашиот секојдневен живот, така таа стана проблем и за целиот свет за кој е неопходно итно решение. 

Најголемиот проблем е пластиката за еднократка употреба. Ширењето на овие парчиња амбалажа ги забрзува климатските промени, а извештајот од Меѓународниот центар за животна средина утврдил дека пластиката до 2050 година ќе биде одговорна за околу 13 отсто од вкупната емисија на јаглерод диоксид.

Кој е одговорен што пластиката ги загадува океаните?

На светскиот ден на чистотата – 21-ви септември, членовите на групата “Break Free From Plastic” собралe 72.541 волонтери кои учествувале во акција на чистење на околината и откриле кои брендови најчесто се појавувале во отпадот кој тие го собирале.


Учесниците собирале пластичен отпад од одредено место, а потоа ги пребројувале парчињата и идентификувале од што точно е направен истиот и од која компанија потекнува. Резултатите не секогаш биле јасни, но во 43 отсто од слуачите е точно утврдено од кој бренд точно потекнува одредено парче пластика.

Организацијата се надева дека овие податоци ќе ја подобрат ситуацијата во земјите кои се наоѓаат во првите пет најголеми загадувачи на океаните како што се Индонезија, Виетнам и Шри Ланка.


Ова е листата на десет брендови кои се покажале како најголеми загадувачи на околината:

1. Coca Cola (11.732 парчиња пластика во 37 земји)

2. Nestle (4.846 парчиња пластика во 31 земја)

3. PepsiCo. (3.362 парчиња пластика во 28 земји)

4. Mondelez International (1.083 парчиња пластика во 23 земји)

5. Unilever (3.328 парчиња пластика во 21 земја)

6. Mars (543 парчиња пластика во 20 земји)

7. Procter & Gamble (1.160 парчиња пластика во 18 земји)

8. Colgate - Palmolive (642 парчиња пластика во 18 земји)

9. Philip Morris International (2.239 парчиња пластика во 17 земји)

10. Perfetti van Melle (1.090 парчиња пластика во 17 земји)



Спонзорирани линкови

Маркетинг