GTA 6 пристигнува идното лето?

Точка

20/11/2019

15:35

2.370

Големина на фонт

а а а

Рап групата City Morgue открива дека Rockstar планира да претстави нова игра идното лето, па веднаш започнаа да кружат шпекулации дека GTA 6 пристигнува во 2020-та година.

Тизерот кој на социјалните мрежи го објави хип-хоп составот City Morgue подигна голема прашина во светот на гејмингот.

Според тоа што можеме да го видиме, се чини дека тие имале некаков вид на соработка со Rockstar, а сето тоа ќе биде објавено летото идната година. Reddit корисникот Wardoganthem187 ги запраша дали станува збор за снимање на саундтрак на играта, на што раперите му одговорија: „Наскоро“.

Доколку сте играле некоја игра од GTA франшизата, тогаш сигурно знаете дека музиката, посебно рап музиката се многу важен дел од играта, а радиото во GTA практично е еден од симболите на играта. Тоа значи дека Rockstar сигурно ќе посвети големо внимание на музиката и ќе соработува со бројни познати музичари.

Да потсетиме, неодамна и Стивен Ог, актерот кој е задолжен за гласот на ликот Тревор од GTA 5, на Brazil Game Show манифестацијата изјави дека GTA 6 ќе пристигне во следните една до две години, па така коцките полека се поклопуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг