Сања Симоска и Сали Ертунч: Технологијата како инспирација за „Здр СК“

Точка

20/11/2019

15:46

3.111

Големина на фонт

а а а

Сали Ертунч и Сања Симовска се двајца уметници кои изминатиот период работеа на еден интересен креативен уметнички проект, со кој внесоа свежина во урбаното сивило во центарот на градот. Повеќе за нив и за нивното дело во интервјуто во продолжение.

Деновиве бевте активни во уредување простор во центарот на градот, при што со вашето уникатно изразување го привлековте вниманието на минувачите. Кажете ни за каков проект станува збор? Кој беше мотивот и како дојде до соработката помеѓу вас двајцата?

Сали: Ние отсекогаш сме соработувале. Нѐ спои факултетот и оттогаш се најдовме заедно во повеќе ситуации, сѐ додека не почнавме заедно да работиме во Кула колектив. На повеќе проекти ми беше драго да соработувам со Сања. Нејзиниот стил на цртање и начин на изразување отсекогаш ми биле уникатни, додека линиите на нејзините цртежи се со доза на наивност и топлина. Како личност, таа е секогаш веселата, насмеаната и шашавата Сања. За ваков проект, секако дека требаше да работам со неа.

Делото „ЗДР Ск“ зборува за нашата околина, онаа што ја знаеме и со која се гордееме. Секој ден кога и да поминете од Камениот мост, во главата се појавува едно исто прашање: Кој и кога го изградил мостот? Не знаејќи го одговорот, продолжувате понатаму со Вашиот живот или одговорот го имате в џеб. Можеш да ја изгуглаш историјата на Камениот мост или да четуваш со другар со кој одамна не си се видел. Како што мостот ги поврзува двете страни на Скопје, така и едно „ЗДР Ск“ ги поврзува луѓето околу нас.

Сања: Со Сали се познаваме од факултетски денови. Честопати сме се пресретнувале со нашите стилови и нашето пријателство знаело да нѐ спои и да создаваме заеднички дела. „Здр Ск“ е уште едно такво креативно дело. Всушност, „Здр Ск“ е еден мал сегмент од излогот којшто неодамна го завршивме како најава за новата Телеком продавница, која наскоро ќе започне да работи. Технологијата овојпат ни беше инспирација, а можноста да се креира уметнички проект којшто ќе прикаже колку таа е неизбежна во денешницата, беше навистина убава задача. Сите ние ја користиме технологијата секојдневно, создаваме со помош на неа и преку неа многу често веќе и се изразуваме. Затоа со задоволство го прифативме предизвикот на креативен начин да го прикажеме концептот на новата иновативна продавница на Телеком, а јас и Сали веднаш имавме идеја како преку цртеж на излогот ќе прикажеме што сѐ ќе понуди таа. Ова е едно уникатно место во центарот на Скопје, каде што посетителите ќе имаат можност да се нурнат во светот на модерната технологија и да видат како функционираат најновите уреди што ќе им го олеснат секојдневието. Морам да нагласам дека упорноста и истрајноста на Сали како главен двигател во целиот креативен процес уште еднаш нѐ направи одличен тим и успеа целосно да ја исцрпи слободата при креирањето на овој проект.


Каква порака испраќате со вашето несекојдневно урбано креативно дело?

Сали: „ЗДР Ск“ не е само дело на кое е претставена технологијата, туку тоа е поставено прашање кон минувачите. Колку и како вие ја уживате технологијата? Како ти ја користиш технологијата? Скопје сега расте и станува посвесен град за технологијата. Среќен сум да ги споделам моите радости со другарите преку социјалните мрежи, се радувам кога зборувам со роднините од странство, се радувам кога ќе откријам нов бенд на Јутјуб, се радувам кога цртам на таблетот, се радувам на победите во игрите и се радувам да го слушнам гласот на моите сакани. Оттука, делото, т.е излогот на новата Телеком продавница, зборува за свесно користење на бенефитите од современата технологија.

Сања: На „ЗДР Ск“ гледам како на локален (затоа што е само за градот Скопје) и урбан уметнички проект, затоа што делува како уличен графит, но сепак со концепт и порака до сите поминувачи. Мислам дека успеавме да создадеме јасен концепт кој преку цртежи испраќа јасна порака „Технологизирај се себеси“, а природно тоа беше поставено на излогот на новата Телеком продавница. Преку технологијата сите информации се во етерот, достапни во секој миг и на секое место.


Колку денешната технологија ви помага како на уметници во процесот на изразување?

Сали: Скицирањето на една идеја е првиот чекор кон резултатот. Тогаш си слободен и хартијата не е важна колку што ти е важна линијата што ја влечеш, веќе мислејќи на следниот чекор од твојот цртеж. Ти ја предвидуваш блиската иднина!

Следниот чекор е доработка на таа скица во софтвер (Фотошоп). На овој чекор, технологијата е мојот важен пријател. Изборот на боите и доработката на делото е полесен. Секако дека, потоа, завршеното дело треба да се сподели со другарите преку социјалните мрежи. Ете ти уште еден бенефит од денешната технологија!

Сања: За разлика од Сали кој го преферира традиционалниот цртеж на хартија, моите афинитети повеќе се насочени кон илустрација и колаж, кои ги оживувам преку Фотошоп со користење на мојот компјутер, мојот телефон, мојот таблет и мојот скенер.

Како уметници, која е вашата главна инспирација за да креирате и да создавате во денешно време? Со какви предизвици се соочувате како автори?

Сали: Секој со својата дисциплина. Секако дека не можеме да ја објективизираме инспирацијата. Инспирацијата се црпи индивидуално. Авторот, како поединец, ја наоѓа инспирацијата во својата област на интерест. Приказната што авторот ни ја раскажува преку еден цртеж е неговиот предизвик. Создавање цртеж кој ќе те понесе во него да гледаш минимум 5 минути е голем предизвик. Изборот на бои е исто така предизвик. Мојот предизвик е мојата игра и никогаш не се уморувам од неа.

Сања: Мојот универзум е мојата инспирација. Мојот универзум се и животните. Космосот е неисцрпен извор, затоа честопати го користам како тема во моите дела. Предизвиците со кои се соочуваме како автори се многубројни. Честопати знаат и да ја сопрат креативноста на одреден период со што можат и да нѐ одведат во друга насока, различна од почетната замисла за делото. Тука се создава и внатрешна борба на трансформација на првичната инспирација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг