10 совети од рускиот милијардер: Од што треба да се откажете за да успеете во животот и на работа?

Супермен

21/11/2019

18:00

8.713

Големина на фонт

а а а

Рускиот милијардер Роман Абрамович верува дека поголемиот дел од нашите проблми не настануваат како последици од настаните, неуспехот, потезите или другите луѓе туку поради лошите ментални навики кои поголемиот дел од луѓето ги имаат.

Тој советува што порано да се одвикнете од 10-те форми на однесување и веднаш во моментот ќе се ослободите од вашите проблеми.

1. Не носете избрзани заклучоци

Оваа навика може вашиот живот да го направи лош на два начини. Прво, ние веруваме дека знаеме што ќе се случи па вниманието и делата ги насочуваме кон тие претпоставки. Но, поголемиот дел од тие претпоставки на крајот се погрешни па и нашите постапки се погрешни.

Другата страна на оваа навика е тоа што веруваме дека умееме да читаме мисли и знаеме зошто другите го прават тоа што го прават. Повторно погрешно. Оваа бесмислена навика ги уништува односите меѓу луѓето како ништо друго.


2. Без драма

Луѓето често се насочени да ги преувеличуваат работите и од мали неуспеси да прават големи катастрофи. Зошто го прават тоа?

Кој знае, можеби за да изгледаат и да се чувствуваат посигурни? Во ваков случај, станува збор за нешто што е многу глупаво или пак деструктивно.

3. Не измислувајте правила

Голем број од она “морам“ и “неопходно е“ всушност е целосно бескорисно, а сè што ви прават тие навики е тоа што ви носат нервози и ви внесуваат чувство на вина.

4. Избегнувајте стереотипи и етикети

Зборовите кои ги користите и тоа како ве дефинираат. Јазикот на негативност и критики генерира таков начин на размислување. Трудејќи се да ги ставите луѓето во категории, ја губите способноста да го сфатите нивното вистинско значење.


5. Не бидете перфекционист

Животот не е само црно бело ниту пак е основан врз реченицара “сè или ништо“. Во поголем дел од случаите “доволно“ е целосно доволно. Доколку барате совршена работа, веројатно никогаш нема да ја најдете. Секоја ќе ви делува дека е полоша од тоа што е.

6. Никогаш ништо не генерализирајте

Еден пад или два не е знак за неуспех. Исто така изненадниот успех нема да ве претвори во гениј. Секогаш запомнете, тркалото на (не)среќата секогаш се врти.

7. Ништо не земајте “здраво за готово“

Поголемиот дел од луѓето не зборуваат, не мислат и не се гружат за 99 отсто од своето време. Многу од соседите и колегите не ве познаваат ниту пак имаат желба да ве запознаат. Така што, што и да слушнете за вас не земајте го “здраво за готово“.

8. Не верувајте им на емоциите

Тоа што го чувствувате не е секогаш знак на она што навистин се случува. Изворот на емоции често може да биде замор, глад, иритација, носот кој тече и друго. Без оглед дали се чувствувате добро или лошо, тоа ништо нема да смени. Чувствата можеби се точни, но тие не се вистинити.


9. Избегнувајте апатија

Трудете се да бидете оптимисти. Доколку очекувате лоши работи во животот или пак на работа, на крајот ќе ги најдете. Негативниот став е исто како да го гледате светот низ валкани очила со лоша диоптрија. Почнете да барате нешто позитивно и ќе го најдете.

10. Престанете да живеете во минатото

Ова е најважниот совет за сите - заборавете и живејте! Нашиот бес, разочарувањето, несреќата, очајот доаѓаат од минатите проблеми... Што повеќе пребарувате низ вашето минато полошо ќе се чувствувате.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk