„Спиев со 4.000 проститутки“ - работел во комунално, а потоа едно лото ливче му го превртело животот наопаку

Супермен

22/11/2019

17:46

10.578

Големина на фонт

а а а

Англичанецот Мајкл Керол имал само 19 години кога во 2002-та година добил на лото. Младото момче кое дотогаш работело како чистач на улица, преку ноќ станало милионер откако ја освоило главната премија во износ од 9.736.131 фунти.

Возел спортски автомобили, трошел пари на дрога и жени, а денес живее во мал изнајмен стан и продава јаглен и дрва за огрев.

Ливчето кое во 2002-та година го купил во Свафхрам чинело 1.50 евра, а добил 15 милиони евра.

Сè до тогаш, младото момче од источна Англија немало пари ниту за сметки ниту пак во банка, а потоа можело да купи што ќе посака: куќа, автомобил, дрога, жени...

„Наутро ќе земев три линии кокаин и ќе испиев половина шише вотка. А, потоа ќе станев од кревет“ - се сеќава Керол во интервју за “Mirror“.


Го викал друштвото на скапи летувања и плаќал проститутки. Бракот со девојката од училишните денови му се распаднал. Тој вели дека спиел со 4.000 проститутки.

Купил куќа на село која подоцна ја уништил. Ги скршил прозорците, се степал, а потоа бил во затвор.


До 2013-та година ги потрошил сите пари. Три месеци спиел во дом за бездомници. Денес живее под кирија во малото место во Шкотка, товари јаглен по десет часа дневно. Тој вели дека е задоволен.

„Среќен сум што сум жив. Ништо лошо не се случи. За само една фунта ги проживеав 10-те најдобри години во мојот живот“ - вели тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk