Протекоа лични податоци од 1.2 милијарди корисници на интернет

Точка

24/11/2019

12:00

3.461

Големина на фонт

а а а

Среќа во несреќа е тоа што во базата за податоци нема лозинки ниту пак податоци за кредитни картички.

Лични податоци од 1.2 милијарди корисници на интернет се нашле незаштитени на еден сервер на кој можел да пристапи било кој со точна веб адреса.

Како што пишуваат од американскиот стручен весник “Вајерд“, станува збор за незаштитена база на податоци за која не се знае кој ја креирал, но јасно е дека до податоците се дошло преку повеќе извори.


Базата е составена од лични податоци на 1.2 милијарди корисници на интернет, како што се социјални мрежи, а воглавно се состои од имиња, меил адреси и броеви на телефони.

Среќа во несреќа е тоа што во базата на податоци нема лозинки ниту пак податоци за кредитни картички, пренесуваат медиумите.

Незаштитената база на податоци била откриена во октомври 2019-та година, а во неа податоците се “тешки“ околу 4 терабајти и вклучуваат податоци кои се собрани од профили на Фејсбук и Твитер.


На серверот пронајдени се четири милијарди профили и 650 милиони единствени меил адреси кои можат да се поврзат со 1.2 милијарди вистински луѓе.

Како што се наведува, серверот повеќе не е онлајн и не може да се има пристап до податоците, а случајот е пријавен и во ФБИ. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг