Манекенката во предизвикувачко одело - повеќе открива отколку што покрива

Точка

05/12/2019

19:59

4.939

Големина на фонт

а а а

Манекенката Адријана Лима го привлекла вниманието со својот изглед на едно доделување на награди во Њујорк.

Оваа бразилска убавица се појавила во издание во какво што досега не сме ја виделе, а очигледно е дека со овој нејзин изглед таа повеќе открива отколку што покрива.

Адријана на доделувањето на наградите пристигнала во црно одело со тенки синџири од циркони кои ги откривале нејзините стомачни мускули и тенката половина, но исто така ги нагласувало и нејзините гради.

Длабокото деколте во V израз на сакото било во прв план.


Сè било доволно сокриено, но и откриено. Адријана инаку е вешта во тоа што својот сексапил го нагласува, но секогаш во границите и вкусот.

Со ова интересно црно одело таа носела сандали кои одлично се вклопиле со панталоните и синџирчињата на нив.

Женските одела се многу популарни во последниве години, но ова кое го носи Адријана Лима е исклучително уникатно и мора да признаеме дека прекрасно ѝ стои и ја истакнува нејзината совршена фигура. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг