Врие на „Емирејтс“: Озил беше бесен на Лаказет по кошмарното издание со Брајтон

Дерби

06/12/2019

12:25

1.319

Големина на фонт

а а а

Месут Озил доби далеку позначајна улога на теренот од Фреди Љунгберг откако Унаи Емери заработи отказ од раководството на клубот, а очигледно тоа го осоколи да прикаже и дел од своите капитенски капацитети, и тоа во ситуација кога Арсенал претрпе уште еден ужасен пораз.

„Топчиите“ имаа кошмарно издание на „Емирејтс“ и беа послаби во сите статистички параметри од Брајтон, па оттаму и конечните 1:2 со кој стана јасно дека Љунгберг има потешкотии да го разбуди тимот кој очигледно е длабоко во бездната. Александер Лаказет беше стрелец на единствениот гол кој го постигна Арсенал во поразот на домашен терен, а асистентот на погодокот беше прилично бесен на Французинот по крајот на мечот, па додека одеше кон соблекувалната, јасно му го покажа тоа со своите гестикулации и извикувајќи го неговото име.



Спонзорирани линкови

Маркетинг