Десет години го криела љубовникот на таван: Кога сопругот одлучил да се преселат приказната почнала морничаво да се комплицира

Супермен

06/12/2019

15:16

11.653

Големина на фонт

а а а

Доли и Ото со години живееле среќно сè додека нејзиниот сопруг не дознал дека Ото цело време живеел на нивниот таван.

Доли Остерих (32), домаќинка, била омажена за Фред Остерих.

Машината за шиење на Доли ѝ се расипала во далечната 1913-та година, а Фред го донел Ото Санхубер (20) за да ја поправи.

Љубовните искри помеѓу Ото и Доли се појавиле на прв поглед, а набрзо потоа станале љубовници.

Се сретнувале во хотели или пак во куќата кога сопругот на Доли не бил дома. Набрзо соседите почнале да си поставуваат прашања, а Доли им кажувала дека тоа е нејзиниот полубрат.


Сепак, соседите станале многу љубопитни, па Доли дошла до идејата љубовникот да го сокрие на таванот.

Ото дал отказ на работното место, се вселил кај љубовницата на таванот и почнал да пишува книга.

Пет години подоцна Фред ѝ рекол на Доли дека треба да се преселат во Лос Анџелес, а таа побарала куќа со таван бидејќи мислела и на својот љубовник. Наредните четири години Доли, Ото и Фред живееле на ист начин сè додека во 1922-та година Доли и Фред не се скарале.

Ото тоа го слушнал од таванот, влетал со пиштол и го убил Фред. На полицајците им кажале дека станувало збор за обид за грабеж, а бидејќи немало доволно докази набрзо и двајцата биле ослободени од обвиненијата.


Доли се преселила во друга куќа, а Ото заминал со неа, но и понатаму продолжил да живее на таванот. Набрзо Доли пронашла нов љубовник, адвокатот Херман Шапир, а потоа уште еден, Рој Клумбо.

Седум години подоцна Шапир ѝ раскинал на Доли и ја известил полицијата за злочинот. Тој само еднаш се сретнал со Ото кој сè му раскажал.

Случајот се водел како застарен па така по кратко судење Доли и Ото биле ослободени. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk