Победата со Тотенхем му „купи“ мир на Солскјер: Играчите го поддржуваат, управата му дава милиони во јануари…

Дерби

06/12/2019

14:49

915

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Англија пренесуваат дека актуелниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја има целосната поддршка од фудбалерите на клубот и покрај фактот што „ѓаволите“ имаат најлош почеток на сезоната во последните 30 години.

Победата против Тотенхем покажа дека овој тим на Солскјер знае да се носи со тимовите од горниот дел на табелата и влева надеж за подобри резултати во иднина.

„Тајмс“ пишува дека од управата сфатиле дека во клубот мора многу да се вложуа и затоа најавиле големи инвестиции уште во јануарскиот преоден рок. Неколку играчи се мета на „ѓаволите“, а речиси е сигурно дека во клубот ќе пристигне Марио Манџукиќ на кого сепак ќе му треба време да се врати во натпреварувачки ритам затоа што оваа сезона нема одиграно ниту минута во дресот на Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг