Бразилскиот стопер Давид Луиз во летниот преоден рок дојде во редовите на Арсенал како големо засилување во одбраната.
Сепак, неговото доаѓање не ги подобри работите, па Арсенал ја игра можеби и најлошата сезона во поновата историја.
„Топчиите“ се на 10. место на табелата, а една изјава на Давид Луиз дадена на 19 октомври псоебно се вртви во јавноста.
Тогаш, Бразилецот најави дека Арсенал има квалитет да ја освои титулата во Премиер лигата и покрај фактот што и тогаш клубот заостануваше зад водечките Ливерпул и Сити.
– Мојата визија, амбиција и желба се секогаш да се борам за титулата. Постои доволна шанса и оваа сезона да ја освоиме со Арсенал, -изјави тогаш Давид Луиз.
Интересно е што по оваа изјава Арсенал нема ниту една победа во вкупно девет одиграни натпревари во сите конкуренции.