(ВИДЕО) Орце Камчев: "Јас сум жртва! Му ставив на Боки "Луј Витон" за мајтап"

Точка

06/12/2019

15:39

7.724

Големина на фонт

а а а

Јордан Камчев за новинарите пред судот кажа дека голем број на функционери биле злоупотребени од Боки 13, но дека само тој се одважил тоа да го пријави.

Камчев пред новинарите по судењето рекол дека не лаже, и дека спогодбата му ја понудил Боки, а не Јанева. Бизнисменот рекол дека случајот "Империја" бил отворен за изнудување на пари, бидејќи биле преземени предмети кои се стари по 18 години. 

Камчев додал дека како човек кој вработува 3.000 луѓе и плаќа најголем данок во државата, нема да дозволи луѓе како Боки 13 и Катица Јанева да го валкаат неговото и името на неговите деца.

"Со ова што го направив, направив голема работа за оваа држава за еднаш засекогаш да се исчисти овој систем", рекол тој.

На прашањето за средбата на која бил и Венко Филипче, Камчев рекол дека тој и министерот се пријатели долги години и тоа ќе остане така. На Боки двајцата му кажале дека предлозите како тој за јавно партнерство не држат вода.

"Алчноста на Јанева беше клучна во оваа работа. Боки на бизнисмените им продаваше приказни. Моќта на Јанева беше огромна, а Боки е интелигентен човек и тоа успеа да го продаде. Јас сум жртва", рекол Камчев.

Бизнисменот најавил и дека ќе поднесе повеќе тужби.

– Му ставив „Луј Витон“ за мајтап и луксузни магазини за мајтап. Се изнервира што банкнотите се по 50 евра. Тој е шоумен, глумец, го правеше ова за 5 минути шоу – заврши Камчев зборувајќи за денешниот настап на Боки 13-ка во судницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг