Грета незадоволна: Ние сме сè поголеми, но политичарите не преземаат никаква акција

Точка

06/12/2019

19:59

2.279

Големина на фонт

а а а

Акстивистката за климата, тинејџерката Грета Тунберг, денеска изјави дека „се слушаат гласовите за климатските удари“, но дека политичарите и понатаму не преземаат акција.

„Ние сме сè поголеми и нашите гласови сè повеќе се слушаат, но тоа, се разбира, не прераснува во политичка акција“, рекла Тунберг на панелот во Мадрид, каде се одржува самитот за климата на ООН.


Грета, која започна глобално движење откако протестираше пред шведскиот парламент, рекла дека молбата која била упатена до децата да не посетуваат настава во училиште за да протестираат поради неактивноста на владата за климатските промени „не е трајно решение“.

„Не сакаме да продолжиме. Сакаме некаква акција од луѓето на власт“, рекла таа.

„Луѓето денес страдаат и умираат од климатските и еколошките непогоди и повеќе не можеме да чекаме“, додала.

Вели дека се надева дека 2-дневниот циклус за преговори за климата, кој започна во Мадрид во понеделникот, ќе доведе до конкретна акција и дека светските лидери ќе ја сфатат итноста на климатската криза.


„Секако дека нема победа, бидејќи единствено што сакаме да видиме е вистинска акција“, истакнува Грета.

„Значи, постигнавме многу, но ако тоа го набљудувате од друга гледна точка, не постигнавме ништо“, заклучила активистката. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг