Грета Тунберг и Лејди Гага меѓу најважните жени за 2019 година

Fashionel.mk

07/12/2019

18:23

3.100

Големина на фонт

а а а

Популарниот магазин „Ел“ неодамна објави листа на моменти и жени кои биле од исклучителна важност во 2018 година.

Од спортистки, преку писателки, до ѕвезди од шоу-бизнисот, магазинот направи свое видување на настаните кои имале длабоко влијание во 2019 година, или ќе имаат и во иднина. 

Според нив, Грета Тунберг е еден од водечките ликови кои поттикнуваат сериозни промени. Заложувањето на 16-годишната Швеѓанка за глобалните климатски промени одекна насекаде во светот.  


„Ако припаѓате на онаа мала група на луѓе кои се чувствуваат загрозени од нас, тогаш имаме лоши вести за вас. Ова е само почетокот. Промената ќе се случи, без разлика дали вие сакате или не“, изјави Грета на еден од протестите во Њујорк.  

Меѓу споменатите е и Лејди Гага подари нејзиното шоу на Мет галата. За потсетување, таа на црвениот килим пристигна во четири различни стајлинзи, за кои се погрижи Брендон Максвел. Со целосно осмисленото појавување во текот на целата манифестација, на која темата беше „Камп“, таа ги помести границите на Мет галата и постави нови стандарди. А да не го заборавиме и нејзиниот успех со „Ѕвездата е родена“ кој одекнуваше цела година. 

И генерално, впечатокот на тимот на „Ел“ е дека жените во 2019 доминираа на манифестациите кои вклучуваа награди, без разлика дали се работи за музички, филмски или во некој друг сегмент. Севкупниот впечаток и статистика покажуваат дека жените во 2019 освојувале повеќе награди. 

Меѓу моментите што ја одбележаа 2019 е и тој што НАСА ја заврши својата прва целосно женска прошетка во вселената. 


И во оваа година на изминување, се зборуваше доста за насилството и сексуалните афери, па сите го паметиме и гостувањето на Ар Кели кај Гејл Кинг, која покажа совршена смиреност и професионалност при неговите агресивни испади. 


Што според вас ја одбележа годината?



Спонзорирани линкови

Маркетинг