Ова се “чудовиштата“ од дното на морето: Нема да ви биде добро кога ќе видите што сè уловил овој рибар

Точка

10/12/2019

14:47

7.546

Големина на фонт

а а а

Морскиот свет, иако со децении е истражуван и понатаму крие големи тајни за видовите риби кои својот мир го наоѓаат во големите длабочини.

Сепак поради некои ентузијасти како Роман Фјодорчов, денес имаме можност да се запознаеме со видовите од кои очигледно ќе ви се подигне косата на главата.

Фјодорчов е риболовец кој долго време поминува на вода откаде што извлекол десетина килограми бакалар, скуша и други видови риба.

Меѓутоа во неговата мрежа често се наоѓаат и оние риби кои не ги знаеме, а не знаеме ни како се викаат и поради кои мора да се консултираме со биолози.

Токму поради тоа, тој направил профил на социјалните мрежи каде што поставува фотографии и снимки од својот плен.

Покрај фотографиите или пак видеата тој често поставува и коментари или пак опис - “морско чудовиште“.

Една од рибите која не му годи на човечкото око, сигурно е рибата по име морски волк за која неодамна се наведувало дека е близок сродник на бранцин. Таа не е активна грабливка, има големи заби како оние кучешките и многу брзо се трошат.

Сепак, како што се наведува тие секоја година се обновуваат во периодот на хибернација. Најмногу се користат во борбата на мажјаците околу женките.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни и застрашувачки улови:



Спонзорирани линкови

Маркетинг