Google Maps ќе им помага на корисниците да ги избегнуваат мрачните улици...

Точка

10/12/2019

16:09

2.241

Големина на фонт

а а а

Google работи на нова опција наменета за Google Maps која ќе ја подобри безбедноста на корисниците.

Станува збор за функција која ќе го нагласи доброто осветлување на улиците кога корисникот ќе се движи пеш. Оваа функција е откриена во кодот на бета верзијата на Google Maps што значи дека наскоро ќе им биде достапна на корисниците.

Google Maps ќе ги нагласи добро осветлените улици со жолта боја па корисниците ќе можат да ги избегнуваат послабо осветлените улици.


Ова е мал чекор за Google Maps, но многумина веруваат дека значително ќе ја унапреди безбедноста на корисниците.

Засега не е познато кога оваа функција ќе им биде достапна на корисниците, ниту пак се знае како Google ќе ги добива податоците за осветлувањето на одредени улици и колку редовно ќе ги апдејтира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг