Сакате да се заштитите? Набавете си УСБ кондом!

Супермен

10/12/2019

17:18

2.595

Големина на фонт

а а а

Велат дека подобро е да го имате дури и кога не ви е потребен, отколку да го немате баш во моментот кога ќе ви затреба.

Таканаречениот “data blocker”, односно блокер на податоци е многу добро и економично безбедносно решение, кога е во прашање заштита на вашите уреди во текот на полнењето на јавни полначи. 

Уредот наречен “SyncStop” е едноставно решение да се заштитите кога морате да користите непознат или небезбеден УСБ приклучок. Додатокот се приклучува на УСБ кабелот и на тој начин се спречува било каква можност за кражба на податоци со тоа што уредот потполно блокира било каква размена на податоци преку УСБ кабелот.

Тој всушност дозволува само проток на електрична енергија низ кабелот и со тоа спречува физички да бидат поврзани сите пинови на УСБ конекторот, важни за пренос на податоци, освен двата кои се битни за напојување со електрична енергија.

Произведувач на УСБ кондомот е компанијата “Xipiter”, а “навлаката” се продава по цена од 6,99 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk