Деруло со непримерна објава - Инстаграм му ја отстраниле фотографијата на која го покажува „ѕверот“ во боксерици

Точка

11/12/2019

20:49

5.130

Големина на фонт

а а а

Откако Инстаграм му ја отстраниле фотографијата на која се отцртувал неговиот “ѕвер“ во тесните боксерици, Џејсон Деруло (30) ги “нападнал“ жените, како што вели, поради дискриминација.

Џејсон многу се налутил на одлуката на Инстаграм да му ја отстранат фотографијата, па одлучил да им се обрати преку социјалните мрежи.

Раперот се запрашал како тоа неговата фотографија можела да се прогласи за непримерна, покрај толку многу разголени задници и повеќе од провокативни фотографии на многу девојки.

„Сите овие девојки на Инстаграм покажуваат голи задници и разголено тело, а јас сум во долна облека... и ја отстранија фотографијата. Тоа е дискриминација!“, напишал Деруло.


Откако во медиумите се крена голема прашина околу фотографијата, пејачот изјавил дека неговата гордост не била “во елемент“.

„Не бев целосно возбуден, бидејќи возбудувањето изгледа сосема поинаку. Тоа е некоја сосема поинаква вибрација. Кога целосно ќе се разбуди, тоа е сосема поинаков ѕвер“, изјавил Џејсон за TMZ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг